Интернационален детски музички фестивал

"Ѕвездички"


Кликнете тука за да ја отворите официјалната страница на фестивалот



Основни информации:

Фестивалот ”Ѕвездички” е единствен интернационален детски фестивал во Македонија, организиран е од Естрада Мултимедија Центар.Се одржува секоја година во октомври, во Прилеп. Фестивалот се стреми да продуцира детски хитови и да направи од децата учесници нови ѕвездички. Основна цел на фестивалот е да создаде цврсти пријателски врски помеѓу децата од различни етнички и верски средини и да ги стави во пракса принципите за заедничко живеење, меѓусебна толеранција и разбирање, како и надминување на културните разлики помеѓу децата од целиот свет.Фестивалот е замислен како големо шоу за деца на кое што децата од целиот свет имаат можност да ги испеат своите детски песни и да ги покажат своите можности. Фестивалските денови се вистински празник за децата бидејќи се на овој фестивал е подредено токму за нив.




Контакт:

ДИРЕКТОР НА ФЕСТИВАЛОТ
Марјан Катароски


Мобилен:   +389 70 208656
Телефон:   +389 48 423031
Факс:   +389 48 416171

Е-пошта: estrada@mt.net.mk




eXTReMe Tracker

 webmaster